ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП
-Татко Ефраим, дали црнците се вчудовидоа кога се појави на нивниот остров? – му се обрати Пипи.
-И тоа како! Прво сакаа да ме изедат, ама кога јас искорнав една палма, им падна подобра идеја на ум, па ме прогласија за крал. Владеењето го организирав така што до пладне владеев, а попладне градев нов брод. Кога завршив со бродот цели две недели владеев толку цврсто, што тоа ќе им биде доволно додека да се вратам. Но, Пипи, мило дете, дали сè уште лажеш по малку?
-Се разбира, само кога имам време. За жал, сè помалку имам време – одговори Пипи. -А како е кај тебе?
-Обично ги лажев црнците во сабота навечер ако претходно беа добри во текот на неделата. Најчесто комбиниравме вечерна програма со лажги и песни придружена со музика од тапани и игри крај огнот.

Се осетив како да сум мало дете пак, сум заборавила на палавштините на Пипи. Од денешен аспект на возрасен човек, многу повесело ми звучат расказите на Астрид Линдгрен.
Comments(11)











