„ЕФЕКТИТЕ ОД ВИКИЛИКС“

Мене ми се виде паметно потрошено времето на панел дискусиите „Ефектите од Викиликс“, штета што посетеноста не беше поголема (очекував да е поголема). За оние што не беа, место на настанот беше Клуб на новинари, Скопје; време на настанот: 10-14 часот.

Немам намера, а и будалесто би било да прераскажам што сè се дискутираше таму, само ќе нафрлам некои реченици кои ми оставија впечаток и ги прераскажав на мои луѓе после тоа (со мои зборови, бидејќи не снимав, но суштината е таа):

Ивица Боцевски: Викиликс им покажа и на неверните Томевци дека со светот не владеат масони, гуштеролики суштества, темплари или незнам ти какви тајни здруженија, туку владеат тие што се на власт…

Миша Поповиќ: Не може да се наречат хакерски нападите врз Пеј Пал, да беа хакерски, ќе направеа Пеј Пал да пренесува пари во фондовите кои ја финансираат Викиликс…

Јасна Котеска: Упадите на Мастер и другите платежни начини преку интернет беа налик на приказнава: Си имам јас слаткарница, и наеднаш толпа луѓе решава да ми ја блокира работата со тоа што на секоја минута некој ме прашува колку е часот. И така јас не можам да продавам еклери – ете блокада на работата…

Стево Пендаровски: Во Македонија, Велија е појак од Викиликс :)

Кажаа учесниците и многу други паметни мисли и ставови, но можеби некој што стенографирал ќе го објави тоа некаде целосно. Заеднички заклучок беше дека светот ќе си продолжи да си функционира како и досега, луѓето ќе си останат исти, а Викиликс ќе престане да биде топ тема со време. Ќе продолжат да го читаат само тие што се засегнати од темите и документите. Од преписките на американските амбасади до нивната матична држава треба да учи нашето МНР, прво – како се работи работата за која си платен, второ – каква политичка клима владее во државите од каде се испраќани телеграмите.

Wikileaks

Wikileaks



19 Comments so far

  1.   Barabbas on декември 24th, 2010

    Нападите не беа хакерски, туку пакосни. Исто како во 60ти или 70, не знам кога било, во САД кога се случувале sit-in овите. Јасна најубаво опишала.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Sit-in

  2.   alexandro on декември 24th, 2010

    Според ова што го прочитав, не ми е криво што не сум бил таму. Во постот не најдов ниедна добра теза доколку верно си го пренела најважното (не се сомневам во тоа).
    После „Викиликс“ светот ќе останел ист???
    Малку морген…

  3.   виолетова on декември 24th, 2010

    Барабас, е така де :)
    *
    Александро, не дека беше најважното ова, туку она што мене ме насмеа, на пример… а да, таков беше заклучокот – светот ќе остане ист, само што Викиликс ќе остане во историјата запишан како `оној што прв ја искористи шансата да го употреби интернет на правилен начин` (или нешто така би гласел заклучокот)

  4.   alexandro on декември 24th, 2010

    Виолетова, извини ме непрецизен бев изгледа па се стекна впечаток дека тебе ти замерам. Не! :)
    Туку, тезите навистина ми се неодржливи. Викиликс секако еден ден ќе заврши во историјата (како и се’ на овој свет што го имаме сега), но процесите кои ги покрена ќе траат поприлично долго и по моја проценка доста темелно. Имам впечаток дека дискутантите не ја допреле суштината на оваа „афера“ туку се занимавале со споредни прашања – блокада на сметки, нивото на напишаните извештаи… Зачуден сум, морам да признам особено поради нивото на учесниците.
    За мојот став повеќе овде
    http://makedon.blog.mk/2010/12/10/julian-assange-wikileaks-nov-gospodar-na-svetot/
    Поздрав :)
    П.С. Те замолувам да не го третираш ова како самореклама…

  5.   виолетова on декември 24th, 2010

    го читав постот уште кога го објави (немам коментар таму? :? )
    во врска со `тајните`, муабетот беше дека до базата на податоци од каде се каблите, пристап имале над 100 илјади луѓе (бројката се движеше до 600.000 – Јасна ја спомна таа бројка), а тоа значи дека големите држави гарант веќе имале свои информатори меѓу оние што имале пристап до телеграмите… тие затоа не се зачудени од содржината, туку се зачудени од дрскоста да се објават…
    информациите се чудо само за нас – малите држави
    во таа смисла – светот ќе си продолжи по старо
    а за ефектите, досега се знае само за некој од Кенија што си го добил (да не треснам глупост, не знам за кого станува збор, треба да проверам по нетов)

  6.   Barabbas on декември 24th, 2010

    На слично гледиште сме, и јас истото му го искоментирав на Александро, дека не очекувам да падне некој голема глава. Може некоја заушка да падне, ама не и цела глава да се стркала.

    Сепак, рано е да се процени.

  7.   виолетова on декември 24th, 2010

    Барабас, тоа беше заклучокот
    *
    Александро, дискусиите беа интерактивни, публиката имаше можност да прашува, да коментира и да дава свои заклучоци… навистина си требал да дојдеш…

  8.   voodoo on декември 24th, 2010

    После „Викиликс“ светот ќе останел ист???

    Морав уште еднаш ;)

  9.   voodoo on декември 24th, 2010

    koj Ivica Bocevski?

  10.   виолетова on декември 24th, 2010

    Вуду, како мислиш кој?

  11.   voodoo on декември 24th, 2010

    pa taka,koj?

  12.   виолетова on декември 24th, 2010

    бившиот блогер :D
    http://theskopjetimes.blog.com.mk/

  13.   voodoo on декември 24th, 2010

    pa neli ne e tuka
    neli e vo USA?

  14.   виолетова on декември 24th, 2010

    тука беше денеска :)

  15. [...] на панелот на Центарот за истражување и креирање политики кажав [...]

  16.   voodoo on декември 27th, 2010

    па нели отиде да живее таму?

  17.   виолетова on декември 27th, 2010

    немам појма Вуду, човекот беше тука :?

  18.   ogisinkos on декември 28th, 2010

    Вајолет здраво
    Еве ме дете. Јас сум од оние, кои се уште блогот го сметаат за двор.
    После Асанж, ке си ставам стерилни ракавици, кога ке чепкам во гомна.
    Гледам и ти си добра. Одиш по Панел дискусии. Ме чуди само зошто немало снимен материјал, или овие од Центаров се во оскудација.
    Да дојдев, ке те честев пијалок.
    ке те честам во прва прилика.

  19.   виолетова on декември 28th, 2010

    ОК, пиеме кафе прва прилика :)
    п.с. пијалакот на пауза од дискусиите беше гратис

Напишете коментар